На 21.07.2022 околу 02.45 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот А1, во правец Градско-Велес, патничко возило „рено“, со српски национални ознаки, управувано од Г.Ј.(41) од Република Србија, излетало од коловозот.
Во несреќата, од здобиените повреди починала сопатничката С.П.(36) од Србија, а Г.Ј и малолетен сопатник се здобиле со телесни повреди констатирани во Општата болница Велес.
Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.
*фотографијата е илустративна и не е од актуелниот настан/ архива/Pixabay