4. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

НБРМ: Солидна кредитна поддршка на приватниот сектор во првото полугодие, особено на корпоративниот сектор

Солидниот раст на кредитирањето на приватниот сектор на економијата од страна на банките продолжи и во јуни, со месечна стапка од 1 и годишен раст од 10 отсто, што е над очекувањата со последните проекции на Народната банка.

Растот на кредитирањето на корпоративниот сектор продолжи да забрзува и достигна 12,4 проценти на годишна основа, со што се обезбедува значајна финансиска поддршка на реалниот сектор. Натамошен солиден раст од 7,7 проценти бележат и кредитите одобрени на домаќинствата.

Во овој период беа задржани поволните каматни стапки на кредитите. Со податоците за мај, просечната камата за кредитирање на корпоративниот сектор изнесува 3,43 отсто, додека за домаќинствата 5,06 отсто.

Раст бележи и депозитниот потенцијал на банките. Вкупните депозити на приватниот сектор во јуни се повисоки за 0,4 во споредба со мај, а нивното ниво е за 1,8 проценти зголемено на годишна основа. Притоа, растот на депозитите на домаќинствата забрза и достигна 1 на месечна основа, односно 5,2 отсто на годишна основа.

Можеби ќе ве интересира

„ ДВА НОВИ ЗАКОНА НА ЈАВЕН УВИД – Министерството повикува на активно учество за најдобри законски решенија во геологијата и рударството“

ДЕСК

Државата дели по 1.000 денари/месечно цела година за електрична енергија за ранливи категории на граѓани – Еве што треба да направите за да се пријавите

ДЕСК

ПАДНА ОДЛУКА ВО РКЕ: Нови цени на горивата

ДЕСК