27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Коциќ: Објавен е Протоколот, сите лаги на Мицкоски паднаа во вода, во ЕУ со чист македонски јазик

Прес-конференција, Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ:

Сите лаги на Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ и Левица потонаа во вода!

Вчера и јавно се објави Протоколот и сега е јасно како бел ден, се’ што кажаа излажаа.

Се докажа она што постојано го тврдевме, македонскиот јазик во ЕУ влегува со чиста формулација, без фусноти без никакви придавки и дополнителни објаснувања.

Нема никаква бугаризација и асимилација како што лажеа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Комисијата целосно автономно одлучува и содржински и временски без да им се меша политиката и без рокови.

Имаме гарантиран реципроцитет за сите прашања, тоа што важи за нас важи и за Бугарија.

Дополнително, без согласност на двете страни нема да има можност да се случи никаква промена во однос на која било од точките што се во Протоколот.

За разлика од Мицкоски, кој својата земја ја нарекува НМК, со овој протокол се гарантираат одлуки кои ќе бидат базира врз научни факти и кои ќе мора да бидат верификувани од целата наша комисија.

Протоколот потврдува: воопшто не е поврзан и не ги условува почетокот на преговорите, тие започнуваат утре преки првата меѓувладина конференција и старт на скринингот.

Потонати се сите лаги кои со недели ги пласираа анти европските структури, Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ и нивниот проруски партнер Левица.

Хистерично и под секое нормално човечко ниво, ширеа невистини, си поигруваа со чувствата на граѓаните, на Македонците.

До ден денеска за ваквите срамни изјави и навреди нема никакво извинување.

Точно 27 пати во протоколот се споменува терминот кој се однесува на реципроцитетот односно, „двете држави“.

Точно толку земји членки на ЕУ ги слушнаа и видоа говорите на пратениците на Мицкоски кои им порачаа на сите нив дека и на Фон дер Лајен, како и сите амбасадори кои беа присутни во собраниската салата дека се нацисти.

А досега нема никако извинување од страна на ВМРО ДПМНЕ ниту за овие навреди.

За ваквата злоупотреба и изживување врз сопствениот народ, врз нашите пријатели од Европската унија, тоа е најмалку што требаше да го направи Мицкоски.

Очигледно Мицкоски тоне длабоко и сака да ги повлече и граѓаните со него и целата држава. Тоа нема да му го дозволиме.

Дражавата продолжува напред. Реализирана е уште една стратешка цел – почнуваме преговори за членство во ЕУ. Членство во ЕУ како Македонци со чиста формулација на македонскиот јазик и со билатерални прашања надвор од процесот.