25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ “распали”: Пиштолџиите се дел од крвавото сценарио на Мицкоски, Ковачки и Таравари и ниедна лага тоа не може да го сокрие

Соопштение на СДСМ:

Ниту една лага од Белиот дворец не може да го сокрие фактот дека ВМРО-ДПМНЕ и структури на Алијанса за Албанците од Скопје блиска до Арбен Таравари создаваа крвави сценарија за меѓуетнички инциденти

Сите пиштолџии лица кои вперуваа и пукаа со пиштоли во Скопје се пронајдени и се санкционирани и сите до еден се или членови или блиски луѓе до структури на Алијанса.

Наместо да прави конструкции, ВМРО-ДПМНЕ да излезе и да каже Дали неуспешниот пироман и армиски дезертер Драган Ковачки е лицето за контакт од ВМРО-ДПМНЕ за ова неуспешно сценарио?

Зошто молчи Ковачки на прашањето дали ги координирал лицата со качулки пред Собранието и поранешни припадници на Армијата во насилното сценарио?

Дали Арбер Таравари е лицето за контакт со структурите блиски до Алијанса во Скопје?

Како што расте нервозата од неуспешното крваво сценарио на Мицкоски, Ковачки и Таравари така се зголемува и продукцијата на лажни вести, манипулации и конструкции од белиот дворец.

Нервозни се затоа што и покрај сите нивни обиди за дестабилизација и покрај сите провокации и закани, граѓаните им го свртеа грбот и решија државата да продолжи по европскиот пат.