Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

МВР со апел: АКО ГИ ПРЕПОЗНАЕТЕ ОВИЕ ЛИЦА, веднаш јавете се на 192

МВР апелира до граѓаните, доколку било кој препознае некого од насилниците, како што се лицата од снимките, кои на 04.07.2022 фрлаа со тврди предмети кон полицискиот кордон и објектот на Собранието, при што беа повредени четворица полициски службеници, може да го пријави тоа на телефонскиот број 192 или во најблиската полициска станица.

Без разлика дали пријавата е анонимна или не, полициските службеници ќе постапат и, доколку се потврди идентитетот, против насилниците ќе бидат преземени соодветни законски мерки.

Министерството апелира до граѓаните да не дозволат да бидат вовлечени во ничии сценарија и насилни инциденти, бидејќи ќе бидат преземани најригорозни мерки и нема да се толерира нарушување на мирот и безбедноста. Секој дијалог треба да се води во институциите на системот, а македонската полиција останува гарантот за безбедноста на тие институции, на државата и нејзините граѓани.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Предавникот Мицкоски ја претвора Македонија во мигрантски камп, за пари!

ДЕСК

Голема промена на времето! Од утре дожд, па сонце и високи температури!

ДЕСК

СДСМ вечерва се огласи на фејсбук: Утре следува нова бомба за корупциска шема на власта, работата не е завршена

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.