26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Георгиев: Веќе ги имаме земено бугарските наставни планови и учебници за да ги анализираме

Веќе ги имаме земено бугарските наставни планови и учебници за да ги анализираме, се што ќе се договори се однесува и на Бугарија, рече претседателот на историската комисија Драги Георгиев во интервју за Канал 77.

„Тоа е реципрочно. Ние ги добивме сите учебници од Бугарија како што и тие ги добија нашите учебници. Препораките се однесуваат и на бугарските учебници. Македонија нема да преземе еднострани обврски. Се што ќе направи комисијата е на база на реципроцитет. Не може Македонија да ги менува учебниците а Бугарија да не смени ништо во нејзините учебници.“ вели Георгиев.
Тој додава дека македонско-бугарската историска комисија не се занимава со идентитет.

„Јас сакам да потенцирам дека на тие средби воопшто комисијата не се занимава со идентитески прашања. Да престане да се манипулира со тоа дека комисијата ќе решава кој каков идентитет ќе имал пред 1000 години.“ рече Георгиев за Канал 77.