Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Уапсената инфлуенсерка за дилање на дрога е ќерка на поранешен пратеник и градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ

Инфлуенсерка од Македонија, ќерка на поранешен пратеник и градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, е уапсена на грчкиот остров Миконос за шверц на дрога, пишуваат медиумите.

Како што објави весникот „Прото тема“, покрај 21-годишната инфлуенсерка уапсени се и двајца мажи на возраст од 34 и 35 години. Дополнително бил уапсено уште едно лице, либански државјанин, во обид да се снабди со дрога. Весникот објави и слики со замаглено лице од инфлуенсерката која на Инстаграм има 164.000 следбеници.

Како што соопшти грчката полиција, по темелна полициска истрага било разбиено јадрото на мрежа на странски државјани кои систематски тргувале со дрога на Миконос. Уапсените биле организирани во криминална група, со конкретни улоги. Едниот бил набавувач и имал лидерска улога, останатите биле шверцери, а дрогата на островот ја продавале во мали пакувања до заинтересираните корисници.

Биле запленети 437 таблети екстази, 219,8 грама кокаин, 270,9 грама метамфетамин и 155,7 грама канабис.

Можеби ќе ве интересира

СЛЕДУВААТ ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ И ГРМЕЖИ: Метеоцентар со детална прогноза која открива кога да очекуваме стабилизација и сончево време

ДЕСК

Нов ужас во Македонија: Ја грабнал од дворот и со ауди ја однел во напуштен објект каде ја тепал, па ја силувал додека била во бесознание

ДЕСК

Што значи дожд на Митровден: Каква година најавува овој ден?

ДЕСК

Нашиот веб сајт користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот. Прифати Прочитај повеќе

Privacy & Cookies Policy
error: Соддржината е заштитена.