13. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

ДУИ: Инцидентот исцениран од активистите на коалицијата: Алијанса-ВМРО-Левица

Демократската унија за интеграција најостро ги осудува инцидентите на антиевропските протести поттикнати од проруските елементи во нашето општество, вклучително и сценариото што вечерва беше реализирано на плоштадот Скендербег во Скопје.

Инцидентот меѓу активистите на ВМРО, ЛЕВИЦА и Алијанса не може да не се смета за однапред смислен и изпланиран од оваа коалиција бидејќи протагонисти беа токму овие три партии и нивните поддржувачи.

Лицето што вечерва ги нападна своите коалициски партнери, вчера заедно со својот брат водеше кампања за ВМРО ДПМНЕ, додека денеска е функционер на ВМРО, директор на Комунална хигиена во Скопје.

ДУИ повикува на смиреност и не поттикнување меѓуетнички инциденти и насилство на протестите.

Антиевропските сили нема да успеат затоа што нашата земја е во НАТО и граѓаните ја сакаат Европа.

Демократска унија за интеграција

Можеби ќе ве интересира

Шукова: Да се формира стручен штаб за Дрисла од експерти, чадот е закана за целиот град

C +

Извршниот одбор на СДСМ утврди уште нови 4 кандидати за градоначалници

C +

Филипче до Мицкоски: Зошто не дозволувате декласификација за случајот со АНБ, јавниот интерес треба да е пред сè?

C +