9. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Вучиќ: По отворањето на преговорите, просечната плата во Белград е 900 евра, а инвестициите 62% од цел Западен Балкан

Српскиот претседател Александар Вучиќ, во гостувањето на ТВ Сител, зборуваше и за економската состојба во Србија, по отворањето на преговорите и уште еднаш потенцира дека граѓаните на Северна Македонија, треба да размислат и да не прифаќаат или отфрлаат нешто априори.

„Ние ги отворивме преговорите за членство во Европската Унија, но после тоа ние повеќе од дупло ги покачивме нашите плати. Ние имавме плати на ниво од Северна Македонија, денес платите кај нас се 640 евра просечна, а наскоро и 720 евра. Во Белград наскоро платите ќе одат над 990 евра. Веќе во јануари месец добивме огромен број на инвестиции, 62% вкупно од инвестициите од Западен Балкан. Нас, отворањето на преговорите со ЕУ многу ни помогна“, рече Вучиќ.

Вучиќ подвлече уште еднаш, дека Македонските граѓани, подобро знаат од него дали е нешто добро или не за националните интереси на нивната земја.

„Само ги молам луѓето да размислат, да размислат да не прифаќаат или да не отфрлаат нешто априори“, рече Вучиќ.