23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковачки е дезертер од Армијата кој избра да им служи на деструкциите на Мицкоски, реагира СДСМ

Соопштение на СДСМ:

Антиевропската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Левица со насилството на протестите изминатите два дена, со дивеење на насилници со качулки, повредени полицајци, со каменување, фрлање запаливи течности, уништување го покажува своето вистинско лице и вистинска цел да создаде тензии, поделби и раздор, да се закочи целата држава.

Ова не може да го дефокусираат никакви лаги на Драган Ковачки.

Токму Ковачки е дезертер од Армијата кој избра да им служи на деструциите на Христијан Мицкоски.

Наместо да шири лажни вести Ковачки да одговори дали токму тој е координатор на поранешни припадници на единицата Волци кои синоќа ги предводеа насилствата, во обид да предизвикаат реприза на 27 април?

СДСМ, институциите, заедно со граѓаните, нема да дозволиме насилничкото однесување и сценаријата на ВМРО-ДПМНЕ и Левица да ја загрозат државата.