7. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Османи: Францускиот предлог и протоколот се два неповрзани процеси

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во синоќешното гостување на Националната телевизија, истакна дека францускиот предлог и протоколот се два неповрзани процеси.

„Францускиот предлог ја утврдува рамката за преговорите за членство, додека протоколот е билатерален документ со кој редовно се следи имплементација на договорот. Коинцидираат временски, затоа што во дел од овој пакет на односи со Република Бугарија за да се даде согласност за европскиот, треба да се потпише и овој договор, меѓутоа тие два документа не се меѓусебно поврзани”, истакна Османи.

Османи истакна дека протоколот може да ја пресликува динамиката на европскиот процес, но европскиот процес не смее да пресликува динамика на протоколот кој се однесува на билатерални прашања кои ние ги имаме во односите со Република Бугарија и обврските што ги имаат тие спрема нас во ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО) КРИМИНАЛЦИ ПАДНАА ВО РАЦЕ НА ЦАРИНАТА: Мобилен царински тим заплени над илјада часовници „Ролекс“, „Бос“, „Армани“, поради сомневање за фалсификат

ДЕСК

Во речиси 3 часот по полноќ физичка пресметка меѓу малолетници низ центарот на Скопје, кои подоцна нападнале и тешко повредиле возрасно лице

ДЕСК

Грабеж среде бел ден во центарот на Скопје

ДЕСК