10. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЛОКАЛНО

Сојузот на синдикати утре протестира – МВР најави посебен сообраќаен режим

Министерството за внатрешни работи соопшти дека утре, понеделник, во периодот од 07.00 до 10.00 часот, поради одржување на протест од страна на Сојузот на синдикати на Македонија, ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај на сите сообраќајници што гравитираат околу крстосницата на бул. „Александар Македонски” со ул. „16. Македонска бригада” во Скопје.

Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по тие сообраќајници, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните улици.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива протестот.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: Еднократна парична помош за глувонемите во Центар

C +

Герасимовски: Ангажираме лични асистенти во училиштата, плата 15.000 денари, вложуваме во инклузивно образование

C +

Делови од Бутел и Аеродром денеска без струја

C +