Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

206 санкции за возачи што возеле пребрзо

Во текот на вчерашниот ден (23.06.2022), Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила што се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 206 возачи.

Од нив, 17 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 77 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 129 надвор од населено место. За време на акциската контрола санкционирани биле и 209 други видови прекршоци. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Прегазено седумгодишно дете, возачот избега – полицијата трага

ДЕСК

Фрчат казни: Во месец октомври 16.801 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 121 лице за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Ужас во Скопје: Прегазил пешак, па побегнал – полицијата го најде

ДЕСК