23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Цел живот сте во заблуда: Еве зошто кесите со чипс СЕКОГАШ се полупразни и зошто во нив нема ВОЗДУХ

Сигурно не сте ги знаеле овие две работи за вашата омилена закуска.

Сигурно сте помислиле „милион пати“ дека продавачите ве изневеруваат секогаш кога ќе купите чипс.

На прв поглед се чини дека внатре има повеќе воздух отколку чипс.

И иако тоа е точно, не се работи за каква било измама, туку за крајно практична работа.

Производителите намерно оставаат простор во нивната омилена закуска со добра причина. Ова ги штити чипсите од оштетување што може да се случи при транспортот и движењето од едно до друго место.

За време на транспортот, вреќичките со чипс се наредени една врз друга, а „воздухот“ во нив е одлична заштита за да не се уништува закуската.

Од друга страна, вреќичките не содржат воздух, туку азот.

Кислородот може да предизвика расипување на компирот, а влагата во него може да го направи чипсот оцрнет. За да се избегне ова, производителите ја полнат амбалажата со азот, што исто така го одржува чипсот свеж и крцкав.

Ако се прашувате дали азотот е штетен, земете здив. Само потсетете се дека дури 78 проценти од воздухот што го дишеме е азот!

Можеби ќе ве интересира

НЕПЛОДНОСТ И ДЕПРЕСИЈА – Чипсот штетно делува на целиот организам

M T