Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

149 сообраќајни прекршоци во Скопје: 41 за пребрзо возење, 14 возеле без возачка дозвола

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (21.06.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 149 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 41 санкциja, 14 мерки за возење без возачка дозвола, а четири за минување на затворен сигнал – црвено светло.

Изречени се и 14 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, четири прекршоци што ги прават пешаците, 10 мерки за користење на мобилен телефон…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Нова трагедија на охридското крајбрежје – пронајдено тело на починат скопјанец

ДЕСК

Африм Гаши излезе од болница

C +

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Шукова ниту имаат план ниту знаат како да го подобрат животот на скопјани

C +