24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Акциска контрола во угостителски објекти во Струмица: Затекнати малолетници по полноќ, точење алкохол на малолетници…

На 18/19.06.2022 во периодот од 21.00 до 05.00 часот, полициски службеници од Бирото за јавна безбедност (Оддел за униформирана полиција, Оддел за криминалистичка полиција, Оддел за специјални полициски операции и СВР Струмица) во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Управата за јавни приходи спроведоа акциска контрола во два угостителски објекта на подрачјето на СВР Струмица.

При тоа, констатирано е присуство на 36 малолетници после 24.00 часот, спротивно на законот, како и точење на алкохол на малолетници во еден од нив. О

д страна на Државен трудов инспекторат било утврдено дека вработени во едниот објект немаат потребна документација. За сите прекршувања на законите ќе бидат поднесени соодвети поднесоци.