Министерот за правда Никола Тупанчески денеска беше во посетата во затворот Куманово. Тој беше информиран од директорот Ненад Цветковиќ за состојбата во оваа казнено-поправна установа, условите на издржување затворска казна, проблемите со кои се соочуваат вработените.
Станува збор за установа од полуотворен вид со капацитет од 250 лица во чии рамки функционира и отвореното одделение во Крива Паланка.
Министерот Тупанчески се сретна и со претседателот на Основниот суд Куманово, Снежана Манев а го посети и ОЈО каде разговараше со Основниот јавен обвинител Теута Бедиу Рамадани. На средбите министерот беше информиран за состојбите во овие институции а на вработените им беше порачано дека Министерството за правда преку реформите во судството се грижи за унапредување на нивните права . Доказ за тоа е сетот од 4 закони кои Владата неодамна ги усвои а со кои се зголемуваат платите за 15 отсто, информираа од Министерството за правда.