9. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

374 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (16.06.2022), Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 374 возачи. Од нив 19 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 180 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 194 надвор од населено место. За време на акциската контрола санкционирани биле и 147 други видови прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

ДЗС: Пронајдени и безбедно отстранети неексплодирани убојни средства од Првата светска војна во близина на граничниот премин Меџитлија и во Старо Градско

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Земјоделството врвен приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, исплатени над 407 милиони денари на скоро 8.000 земјоделци

ДЕСК

(ВИДЕО) Прес на Бране Петрушевски: Каде се СДС сега да го нападнат главниот обвинител Коцевски или да прашаат за некоја истрага?

ДЕСК