Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Спасовски на Преспа форумот за дијалог во Охрид

Фејсбук статус на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски:

Отворање на Преспа форумот за дијалог во Охрид – „Градење на иднината на Западен Балкан во современата европска безбедносна архитектура”.

Со присуство на повеќе претседатели, премиери, шефови на дипломатии, како и претставници на тинк-тенкови на вториот по ред Преспа Форум за дијалог ќе се разговара за иднината на Западен Балкан, со фокус на безбедноста во Европа и Балканот во контекст на руската агресија врз Украина.

Придобивките од Преспа Форумот се евидентни – трите столба на форумот, Охридскиот рамковен договор, Договорот за пријателството со Бугарија и Договорот од Преспа ја позиционираа Република Северна Македонија како фактор на меѓународната мапа и дел од идната генерација на Западен Балкан, дел од мозаикот на Европа, без кој дел Европа не е комплетна кога станува збор за севкупните безбедносни, економски и политички прилики, особено со денешната геополитичка поставеност.

Затоа, и забрзувањето на евроинтегративниот процес на нашиот регион стана врвен приоритет. Веќе не е прашање на проширување, туку на зајакнување на безбедноста и сигурноста на граѓаните.

Оттука, заедно праќаме силни пораки за мир, обединување и соработка втемелена исклучиво на европски вредности, и секогаш на линија на сојузничките политики на НАТО.

Можеби ќе ве интересира

ЛОШИ ВЕСТИ ЗА ВРЕМЕТО, ОД ПОНЕДЕЛНИК ГОЛЕМА ПРОМЕНА – Метеоцентар со детална прогноза за следните четири дена

ДЕСК

Министерот Минчев на средба со амбасадорот на Кралството Шведска Сулстром

ДЕСК

Нова поштенска марка ја одбележува улогата на жените во градењето мир, 25 години од Резолуцијата 1325 на Советот за безбедност на ОН

ДЕСК