25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Вселенската патријаршија му одаде чест на премиерот Ковачевски: На литургијата го прочита Симболот на верата во име на македонскиот народ

Премиерот Димитар Ковачевски на првата заедничка литургија меѓу вселенскиот патријарх Ваертоломеј и Аргиепископот г.г. Стефан во Фанар, Истанбул го прочита Симболот на верата и молитвата Отче наш.

Ова е чест што премиер на една држава кажува слово во име на неговиот народ, во случајов македонскиот.

Тоа е традиција во Вселенската патријаршија за време на одржување на литургијата.

Премиерот Ковачевски ја предводи владината делегација која присуствува на патријаршиската и синодална света литиргија во соборниот храм „Свети Георги Победоносец“ во Фанар (Истанбул) на која заеднички сослужуваат вселенскиот патријарх Вартоломеј и архиепископот г.г. Стефан, со владици од двете цркви.

Фото: Принтскрин видео Бигорски манастир