Centar.mk
СВЕТ

НОВА ЕСКАЛАЦИЈА МЕЃУ САУДИСКА АРАБИЈА И ХУТИТЕ: Ракети кон Ријад и Дахран, удари врз Јемен

Саудиска Арабија соопшти дека пресретнала ракети насочени кон Ријад и Дахран, при што најмалку четири лица биле повредени од паднати остатоци. Погодена била и административна зграда на нафтениот гигант „Арамко“, каде избувнал помал пожар без жртви.

Паралелно, коалицијата предводена од Саудиска Арабија изврши удари врз енергетски терминали, складишта за гориво и други позиции поврзани со Хутите во Јемен.