25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Дожд и невреме и следните денови – Кога да очекуваме стабилизаија?

До сабота ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина воден талог), силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град.

Во петок се очекуваат пообилни количини воден талог.

Дневната температура ќе биде во опаѓање. Од недела ќе има постепено стабилизирање на времето со пораст на температурата.

И во Скопската Котлина ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, повремено во форма на невреме.

Прогноза за 10.06.2022
Минимална температура: 10°C до 15°C Максимална температура: 20°C до 26°C УВ=5

Прогноза за 11.06.2022
Минимална температура: 10°C до 16°C Максимална температура: 21°C до 28°C УВ=7

Прогноза за 12.06.2022
Минимална температура: 11°C до 16°C Максимална температура: 22°C до 30°C УВ=7