Градоначалникот на Лозово, Бошко Цветковски, објави дека меѓу другите предизвикани штети од големината на наврнатиот град уништени се и фотоволтаици во општината.
– Ид увидот на терен затекнавме оштетени соларни панели, возила, лозови насади, житни култури, брифираше Цветковски.
Биле оштетени и други земјоделски култури и пластеници, а одлетале и неколу кровови. Тој најави седница за проценка на штетите кои ги претрпеле неколку села.
За три дена ова е второ големо невреме во Лозово. Во првото настрада кров од куќа на семејство во Сарамзалино, а патиштата беа блокирани поради паднати дрвја.