23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
danela arsovska
ЛОКАЛНО

По пишувањата на медиумите, Антикорупциска оформи предмет за секретарот на Арсовска

“Фокус“ пред една недела објави дека Ѓоко Велковски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кој во моментот е советник во скопската општина Чаир, истовремено е именуван и за секретар на Град Скопје од актуелната градоначалничка Данела Арсовска во периодот кога таа стапува на функција.

Тој како секретар е назначен 18 декември, 2021 година месец ипол по седнувањето на Арсовска во гхрадоначалничката фотеља.

По објавата на „Фокус“, експресно регираа и од Антикорупциска комисија каде им потврдиле дека веќе оформиле предмет.

„Во врска со вашето прашање упатено до Државната комисија за спречување на корупцијата, ве известуваме дека во Државната комисија е оформен предмет по поднесена пријава со наводи дека лицето Ѓоко Велковски, покрај тоа што е избрано за член на Советот на општина Чаир истовремено е избрано за Генерален секретар на Град Скопје.

Предметот, согласно Деловникот за работа на Државната комисија, е распореден за работа на член на Државната комисија и постапувањето по истиот е во тек, се наведува во одговорот од антикорупционерите.