9. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковачевски: Автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија е историска вест и автентичен дел на македонскиот идентитет

Премиерот Димитар Ковачевски, упати честитка по повод автокефалноста на Македонската православна црква.

Во продолжение на соопштението, ви ја пренесуваме честитката во целост:

„Почитувани граѓани,

Голем е денешниот ден, историски, кога ги чествуваме Светите браќа Кирил и Методиј, да ја добиеме и автокефалноста на нашата црква како рамноправна со другите и како признание за нејзиното наследство во духовната величина на древната Охридска Архиепископија, и како автентичен дел на македонскиот идентитет. Се радуваме заедно со сите православни христијани во нашата земја на историската вест со која Македонската православна црква – Охридска Архиепископија се стекнува со автокефалност.

Оваа со векови очекувана вест е соопштена денеска на заедничката служба со Српската православна црква, на која патријархот Порфириј соопшти дека одлуката МПЦ-ОА да биде прифатена како автокефална црква ќе биде предложена пред Вселенската патријаршија со препорака таа да биде прифатена од сите православни цркви.

Нека е честит овој голем ден за сите православни верници и за сите граѓани“.

Линк до видео од обраќањето на премиерот Ковачевски

Можеби ќе ве интересира

ДЗС: Пронајдени и безбедно отстранети неексплодирани убојни средства од Првата светска војна во близина на граничниот премин Меџитлија и во Старо Градско

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Земјоделството врвен приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, исплатени над 407 милиони денари на скоро 8.000 земјоделци

ДЕСК

(ВИДЕО) Прес на Бране Петрушевски: Каде се СДС сега да го нападнат главниот обвинител Коцевски или да прашаат за некоја истрага?

ДЕСК