23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИС

Заемот е за враќање на долгови од претходните Влади на ВМРО ДПМНЕ – Бектеши открива за што ќе се троши дел од новиот долг

Министерот за економија, Крешник Бектеши вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека се бараат 900 милиони евра за враќање на долгови од претходните Влади.

„Како што објасни и министерот за финансии, и јас кажувам дека голем дел од овие средства се за враќање на долгови кои ги наследнивме од претходните Влади“, порача Бектеши.

Тој додава дека исто така, дел од овие средства ќе бидат искористени за нови мерки, кои како влада ги подготвуваат се со цел, да им помогнат на граѓаните и компаниите, а посебно за социјалните категории.

„Како што предвидовме 100 милиони евра на почетокот на годината за помош за граѓаните, сега проектираме нови 80 милиони евра повторно како директна помош за граѓаните и компаниите. Ние работиме напорно, за да им помогнеме на граѓаните“, порача Бектеши.