23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) Каевски: Дали криминалецот Груевски е во постојан контакт со Данела Арсовска?

Вчерашната пресуда за предметот ТНТ во кој осудени се Никола Груевски, Миле Јанакиески и Тони Трајковски уште еднаш потврди дека ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија, рече на прес-конференција, портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски.

Тој денеска посебно се задржа на ставот кој по објавувањето на пресудата, го објави поранешниот премиер во бегство, Груевски.

„Овој пат Груевски откри нови работи, односно дека тој бил во комуникација со актуелен градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Дали Данела Арсовска е градоначалникот и контактот на Груевски со кој тој комуницира редовно?

Дали Груевски редвоно комуницира и со други градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ“, запраша Каевски.

Според портпаролот, објавата на Груевски само го потврдува она што СДСМ го тврди, а тоа е дека ВМРО-ДПМНЕ, како што рече, и натаму е управувана од Будимпешта.

„Христијан Мицкоски е само извршител на Груевски. Затоа ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не ги осудуваат и не се оградуваат од криминалите, туку напротив тие ги бранат криминалците во своите редови.

Заради нарачаките на Груевски, ВМРО-ДПМНЕ во време на криза го блокира Собранието, работи на штета на интересите на граѓаните и државата“, обвини Каевски.