6. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Лукаревска: Опозицијата да дискутира за теми од интерес за граѓаните наместо да бара избори

„Опозицијата треба да седне и да дискутира за посензитивните теми, што значат интерес за сите граѓани, а не да собира евтини политички поени“ изјави директорката на УЈП и заменик-претседателка на СДСМ, Сања Лукаревска во „360 степени“ на АлсатМ.

Таа додаде дека изборите треба да се одржат во редовниот термин, во 2024 година, до кога треба да се даде шанса и на новите градоначалници, од кои голем дел се од ВМРО-ДПМНЕ да ги покажат своите капацитети.

„Сега се справуваме со ковид-криза, која се уште не е за занемарување, имаме безбедносна криза, имаме енергетска и економска криза и во ваква состојба не е патриотски и хумано за државата да се бараат избори“ рече Лукаревска.

Таа додаде дека сите коалициони партнери од владејачкото мнозинство се во постојана комуникација и напорно работат на остварување на зацртаните цели.

Можеби ќе ве интересира

Тешка сообраќајка во Скопје – има повреден

ДЕСК

Полицијата во акција: Апсења низ Скопје

ДЕСК

Добра вест: Маж кој исчезна во Скопје пронајден од страна на полициски службеници

ДЕСК