9. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Патот до ЕУ не е лесен, не беше лесен ни до членството во НАТО, но успеавме

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ гостуваше во емисијата Топ Тема, во која рече дека никогаш патот на Северна Македонија не бил лесен, но нема да отстапи оваа Влада од исполнување на оваа стратешка цел.

„Нашиот пат е јасен и секогаш бил јасен. Никогаш не сме отстапувале и никогаш не бил лесен, секогаш сме имале потешкотии и Северна МК е една од државите кои што имала најтежок пат до исполнување на своите стратешки интереси“, кажа Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека во овие времиња кога на тлото на Европа повторно има воени дејствија, видовме колку тоа значи и колку е важен НАТО за безбедноста на регионот.

„Северна Македонија не треба да отстапи од европскиот пат и тоа наше залагање треба да биде упорно затоа што ние знаеме зошто сакаме таму, зошто сакаме каква држава сакаме да изградиме и знаеме дека заслужуваме да бидеме членки на ЕУ“, додаде вицепремиерот Маричиќ.