23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Петров: Нашето место е во ЕУ и нема да дозволиме да бидеме предмет на уцени и малтретирање

„Ние сме европски народ, нашето место е во Европската Унија, но не може да дозволиме да бидеме предмет на уцени и малтретирање од кој како ќе стигне“ рече членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Петров во „24 анализа“ на ТВ24.

Тој додаде дека Владата не се врзува со рокови за постигнување на договор со Бугарија, бидејќи тоа не се покажа како успешно во минатото, туку дека е потребен квалитетен договор што ќе ги гарантира нашите позиции во однос на суштинските работи.

„Динамиката во изминатиот период, изјавите на официјалните лица на ЕУ, како Борел кој прв пат стави временска рамка за договор во јуни, како и најавите за посетата на германскиот канцелар Шолц на Балканот покажваат дека ЕУ има некаков план“ рече Петров.

Тој додаде дека и од Франција истакнуваат дека сакаат разговорите меѓу Северна Македонија и Бугарија да завршат за време на нивото претседателство со цел да се договори првата Меѓувладина конференција.