22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Денот на инвеститорите на НЛБ ги собра светските инвеститори, аналитичари, финансиски експерти и клучните бизнисмени од регионот

„Добредојдовте во нашиот дом, добредојдовте во регионот на можности“, беше клучната порака на првиот „Ден на инвеститорите“ на НЛБ д.д што се одржа вчера во Белград и кој привлече повеќе од 150 инвеститори од целиот свет, финансиски експерти, аналитичари, извршни директори на клучните компании од регионот, како што се: Атлантик Груп, МК Групација, Петрол, Фортенова, Алкалоид АД Скопје, Делта Холдинг, Комтрејд систем интегрејшн (Comtrade System Integration) и многу други кои ги пишуваат успешните приказни за овој регион.

НЛБ го започна патувањето за подигнување на свесноста и препознатливоста на регионот кај светските инвеститори со котација на акции на берзите во Љубљана и Лондон од ноември 2018 година, но денес нашата цел е поголема, објасни извршниот директор на НЛБ, Блаж Бродњак, поздравувајќи ги гостите на настанот. „Покрај тоа што се претставивме себеси и нашите стратешки приоритети, поканивме и угледни говорници и панелисти да ги споделат со нас своите ставови, искуство и ентузијазам и да покажат дека нашиот регион навистина е полн со можности и тој, час поскоро ќе го добие заслуженото внимание и уште попродуктивни инвестиции, притоа задржувајќи ги нашите најталентирани луѓе овде“, објасни тој.

Меѓу другите на настанот се приклучија и главниот финансиски директор на Петрол, Матија Битенц, потпретседателот на МК Групацијата и член на Управниот одбор на банкарската групација АЕК Банкинг Груп (Australian Economic Consultants), Александар Костиќ; извршниот директор на Comtrade System Integration, Душан Милиќевиќ; извршниот директор на Фортенова, Фабрис Перушко; членот на Извршниот одбор на Делта Холдинг, Андреј Совровиќ; на Атлантик Групата Емил Тедески и извршниот директор на Алкалоид АД Скопје, Живко Мукаетов кои го споделија своето мислење за регионот на Југоисточна Европа како регион на можности.

„Докажуваме дека бизнисот ниту познава, ниту прифаќа граници, бидејќи ги собравме лидерите на некои од најзначајните бизниси од четири земји во регионот, кои делумно се и конкуренти. Искрено веруваме дека единствениот соодветен одговор на сè поголемиот јаз е поврзувањето и соработката“, нагласи извршниот директор на НЛБ.

Неговите размислувања ги повтори и Марко Чадеж, претседател на Трговско-индустриската комора на Србија, кој нагласи дека обединет регион може да направи чуда. Според него, регионалната соработка е адекватен одговор на идните предизвици. „Можеме да ја искористиме можноста за привлекување нови странски инвестиции на најдобар начин само ако работиме заедно, ако работиме како еден регион, една економија, како заеднички регионален пазар и единствена дестинација за инвестирање“, нагласи тој.

Претседателот на Трговско-индустриската комора на Србија ја истакна и важноста на меѓусебната поврзаност во економските интеграции, што е нешто што Ричард Гривсон, заменик директор на Виенскиот институт за меѓународни економски студии, исто така го гледа како одлична можност за регионот. Тој смета дека регионот на Југоисточна Европа е многу флексибилен и со голем потенцијал, особено во однос на пристапувањето во ЕУ.

НЛБ се приклучи на „Нулта банкарска алијанса“ (Zero Banking Alliance)

За време на првиот „Ден на инвеститорите“, Управниот одбор на НЛБ д.д. ги презентираше деловните резултати на НЛБ Групацијата од првиот квартал од 2022 година. Дополнително, НЛБ д.д. се приклучи на финансиската иницијатива на Програмата за животна средина на Обединетите нации, наречена- Нулта банкарска алијанса (United Nаtions Environment Programme Finance Initiative Net Zero Banking Alliance ) која обединува банки ширум светот чии активи претставуваат над 40% од глобалните банкарски средства, a кои се посветени на усогласување на нивните кредитни и инвестициски портфолија со нето-нула емисии до 2050 година.