Ако го оставите лебот на кујнскиот пулт, во фиока или кутија за леб, а сепак го чувате во пластична кеса – веднаш да ви кажеме, не е добра идеја.
Лебот во кесата ќе се исуши, додека пак во кутија постои можност да се развие мувла.
Најдоброто решение, колку и да ви звучи глупаво, е да го ставите лебот во замрзнувач.
На овој начин секогаш ќе имате свеж леб, а можете да го одмрзнете на два начина.
Ако ви треба веднаш, извадете го замрзнатиот леб, ставете го во алуминиумска фолија и загрејте го во рерна.
Ако сакате свеж леб за наутро, извадете го пред спиење и ставете го на чиста кујнска крпа за да се стопи лесно преку ноќ.
Наутро ќе има вкус како штотуку да сте го купиле од пекара.