24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

93 новозаразени од коронавирус

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:

Направени се 1.365 тестови, а регистрирани се 93 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 51, Битола – 15, Охрид – 5, Тетово и Кавадарци – по 4, Прилеп – 3, Велес и Штип – по 2, Куманово, Струмица, Кичево, Струга, Гевгелија, Ресен и Берово – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (93), регистрирани се 12 реинфекции.

Регистрирани сe 85 оздравени пациенти од: Скопје – 40, Битола – 10, Струмица – 8, Охрид – 5, Велес – 4, Кавадарци – 3, Тетово, Струга, Гостивар, Кочани и Валандово – по 2, Штип, Кичево, Гевгелија, Ресен и Радовиш – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин дополнително не се регистрирани починати лица.

Направени се 1.365 тестови преку: ИЈЗ-163, ЦЈЗ Скопје-82, ЦЈЗ Битола-44, ЦЈЗ Прилеп-20, ЦЈЗ Тетово-13, ЦЈЗ Куманово-35, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–73, Жан Митрев (Филип Втори)-26, Авицена-22, Биотек-38, Систина-31, лабораторија Лаор-27, Синлаб-12, Ремедика-18, Плодност-16, Генеа-11, Никоб Лаб-91, ВФВ Медикал-27, Ели Медика Плус-9, Ројал Медика–5, Спектра-ММ-2, Рапид Лаб–14, Жан Митрев Струмица–2, Нова Лаб Дијагностика–5, Рамус-3, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 576.

Досега во земјата се направени вкупно 2.033.385 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 310.506, бројот на оздравени пациенти е 300.617, на починати е 9.287, а бројот на активни случаи изнесува 602.