24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Заев: Време е регионот да си го брендираме и промовираме и како инвестициски потенцијал

– Регионалната соработка ја ставам на првото место, порача екс-премиерот Зоран Заев на денешниот “Сараево Бизнис Форум”

– Недостатоците oд вештини, од работна сила, од продукциски капацитети, па дури и од храна, било која од нашите држави, можеме да ги надоместуваме потпирајќи се на нашите соседи односно на регионалната соработка. Затоа силно го поддржувам процесот на создавање единствен пазар на Западен Балкан и очекувам да се зголемува бројот на држави кои ќе учествуваат во тргањето на пречките за слободен проток на луѓе, услуги, добра и стоки во нашиот регион. Време е регионот да си го “спакуваме” и како инвестициски потенцијал. За да ги донесеме големите играчи треба да и ние да играме поголема игра. Западен Балкан има огромни потенцијали за создавање енергија од обновливи извори на енергија, имаме многу сонце, ветер и вода. Тоа подразбира инвестиции во големи стратешки и инфраструктурни проекти, а денес тоа го можат големи и глобални инвеститори. Нашите држави може да се конкурентни за вакви проекти само ако се здружиме и ако настапуваме како регион. На тој начин недостатоците ќе исчезнат, придобивките ќе пораснат, изјави Заев.