8. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Велковски: Бојкотот на опозицијата е ист како последните две години, збунети го блокираат животот на граѓаните

„Тоа што беше најавувано како активна блокада на Собранието не е ништо поразлично од тоа што го прави ВМРО-ДПМНЕ изминатите години. Денес не успеаја во блокадата и малку се збунија“ изјави пратеникот од СДСМ Диме Велковски во „24 отворено“ на ТВ24.

Тој додаде дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ делувале збунето во текот на целиот ден во Собранието, поднесувајќи амадмани, кои биле прифатени од владејачкото мнозинство.

„ВМРО-ДПМНЕ побараа од дневен ред да се тргне Законот за сметководствени работи, за кој побараа јавна дебата. Тој закон одеше во редовна постапка, сите се согласивме и имаше јавна дебата. За време на процедурите сите амандмани на ВМРО-ДПМНЕ за тој закон беа прифатени“ рече Велковски.

Тој додаде дека опозицијата во изминатата година блокираше стотина закони со кои се унапредуваат правата и условите на граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

Филипче од Валандово: Во време на најтешки кризи, СДСМ покажа дека може, платите растеа 7 години по ред

ДЕСК

Синоптичарите објавија нови прогнози: Какво ќе биде времето утре?

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата вечерва?

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.