Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Велешанец упатил закани за убиства, судот постапил, но насилникот ја прекршил одлуката

Велешкото Основно јавно обвинителство поведе постапка против едно лице за кое постои сомнение дека сторило кривични дела загрозување на сигурноста и неизвршување судска одлука.

На 12 април осомничениот пред месарница на улицата Алексо Демниевски-Бауман во Велес им ја загрозил сигурноста на сопственикот на месарницата и на уште две присутни лица навредувајќи ги и заканувајќи им се дека ќе ги убие.

Откако во постапка му биле определени мерки на претпазливост, меѓу кои и забрана за напуштање на живеалиштето и забрана за приближување, односно контакти со определени лица, осомничениот ваквото судско решение не го почитувал, па на 4 мај повторно се приближил кон еден од оштетените и почнал да му се заканува.

Бидејќи постои опасност од бегство и поради фактот што определените мерки за претпазливост осомничениот не ги почитувал, сега му е определен притвор.​​

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Лишен од слобода возачот кој денеска удри велосипедист на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје и го напушти местото на настанот

ДЕСК

НОВА ТРАГЕДИЈА ВО СКОПЈЕ: Возач на пасат прегази велосипедист кој почина – шоферот побегнал, а возилото го оставил

ДЕСК

По победата на локалните избори, Билал Касами – иден претседател на ВЛЕН?

ДЕСК