7. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Спасовски: Честит 9 Мај – Ден на Европа и Ден на победа над фашизмот!

Фејсбук статус на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски:

Среќен сум што стратешката определба на земјата за членство во Европската Унија е приоритет број еден – и тука нема компромиси! Би сакал да верувам дека час поскоро и ние ќе бидеме приоритет за европското семејство, бидејќи Европа ни го должи тоа!

Ние, пак, тоа им го должиме на идните поколенија, но и на нашите предци. На херојот чие име го носи градот-домаќин на денешната свеченост, Гоце Делчев, симболот на македонскиот непокор, по убедување социјалдемократ, по дела револуционер и визионер, како и на неговите соборци. Но, и на учесниците во НОБ, на нашите борци, чии претставници се секогаш наши драги гости, благодарение на кои нашата земја даде огромен придонес во победата над фашизмот во Втората светска војна и го дочекавме сопственото ослободување! Без тоа ослободително движење Македонија немаше да постои! Таа е создадена од илјадниците борци кои ги положија своите животи, Македонија е создадена е од историјата. Токму затоа и не можеме да ја менуваме.

Таа не ни припаѓа нам, туку ние на неа!

Можеби ќе ве интересира

Свадба во затворот во Струмица (ФОТО)

ДЕСК

Спасен параглајдеристот кој висеше закачен на дрво високо над 30 метри

ДЕСК

Спасувачка акција на повреден параглајдерист закачен на дрво високо над 30 метри

ДЕСК