23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Претседателот на синдикатот во Македонска пошта донирал за ВМРО ДПМНЕ, а денес организира штрајк?

Деновиве во Македонија се случуваат чудни ситуации, каде и покрај тоа што течат преговори, повеќе синдикати најавија и отпочнаа штрајк.

Интересен е случајот со Македонски пошти, каде име и презиме исто со лицето кое го води синдикатот кој организира штрајк, донирал за ВМРО ДПМНЕ, беше објавено на Твитер.

Инаку деновиве во Македонија се случуваат повеќе штрајкови. Наставниците штрајкуваат за повисоки плати, иако владата им најави дека ќе имаат повисоки плати но согласно можностите, а притоа тие земаат меѓу 24-30 илјади денари месечни плати.

Слично е и со Македонски Пошти, каде директорот претходно изјави дека треба да се зголемат платите, а неофицијално се дознава дека и тоа ќе се случи, но сепак тргнаа во штрајк.

Друга сомнителна околност е и дека штрајкови има каде работодавач е државната власт, но не и општините, каде платите навистина се мизерија.