23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Која е целта на фирмата на Груевски која се најде на црната листа на САД?

Речиси три години по бегството од Македонија, поранешниот премиер Никола Груевски стана бизнисмен откри Дојче веле минатата година. Груевски регистрирал фирма со широка деловна активност во гратче во близина на Будимпешта.

На дваесетина километри источно од Будимпешта се наоѓа малото гратче Пецел. Ни историјата, ниту актуелните вести на интернет-страницата на местото, кое е дом на вкупно 14.328 жители, не откриваат ништо особено за гратчето чии најпознати синови (според Википедија) се еден поранешен унгарски министер за одбрана и еден фудбалер. Но жителите на Пецел – чие име според локалните историчари потекнува од словенскиот сложен термин кој означува „пет села“ (пет цели) – имаат нова причина за задоволство. Нивната, доста штура, страница на Википедија во иднина може да биде збогатена со името на уште еден истакнат сожител: Никола Груевски, поранешен премиер на Република Македонија.

Куќа на улицата Бошкаи број 9 од 14 јули годинава е дом на новата фирма на експремиерот- Друштвото со ограничена одговорност И.Ц.И.Ц (I.C.I.C.). Според документите објавени во унгарскиот Централен регистер на фирми, лицето Никола Груевски, роден на 31 август 1970 година од мајка Надежда Мијалкова, побарал и добил одобрение да почне бизнис со фирма чие седиште е во Пецел на горенаведената адреса. Од увидот во документите до кои дојде Дојче веле, може да се прочита дека Друштвото со ограничена одговорност на Груевски планира широки бизнис активности во најмалку 10 различни сектори.

Никола Груевски, но и неговата фирма се најдоа на црната листа на САД, со што се отвора прашањето која е целта на неговата фирма? Деновиве токму владејачакта партија СДСМ, постојано го прозива Христијан Мицкоски, опозицискиот лидер за тоа дали неговата партија и тој имаат поврзаност со фирмата.

Од ВМРО ДПМНЕ нема јасен одговор, но факт е дека САД не ја ставиле џабе оваа фирма на црна листа.

Време е за овој случај да се позанимаваат институциците особено Јавното Обвинителство.