23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Руската пропаганда во земјава заврши со неуспех за спречување на НАТО членството

Руската пропаганда во Македонија пред референдумот за Договорот од Преспа и зачленувањето на земјава во НАТО, резултираше со ширење на дезинформации и величање на Јанко Бачев и неговата „Единствена Македонија“, што на крајот не успеа да ја спречи стратешката цел на зачленување во НАТО.

Како што пишува „Вистиномер“ дезинформирачките кампањи беа главно фокусирани врз прашањата за идентитетот и името, и кај дел од нив беше забележливо експлицитно руско влијание. Тоа беше несомнено во кампањата предводена од лидерот на „Единствена Македонија“, кој мобилизира на „света борба“ за „опстанок на цел еден народ“ и обвинуваше дека се води скапа „антимакедонска кампања“ за „уништување на македонскиот народ“. Меѓутоа, други подоцнежни анализи посочуваа дека неколку испреплетени кампањи ја подриваа поддршката за референдумот за промена на името, укажувајќи на „комплексна мрежа на актери исплетена во повеќе земји“, од кои дел е и „пропагандната машинерија на Орбан“ составена од десничарски медиуми на Балканот.

Заплашувачката пропаганда и дезинформациите, како и креирањето на онлајн незадоволство од Договорот од Преспа на Русија на крајот влијаеше и врз дел од членството на ВМРО-ДПМНЕ, кои не излегоа на референдумот, но не успеа во конечната цел.

Собранието го изгласа Договрот од Преспа и Северна Македонија стана полноправна членка на НАТО, со заштитен идентитет и јазик, наспроти руската пропаганда дека со прифаќањето на Договорот од Преспа ќе се избрише се што е македонско.

На крајот, руската пропаганда во земјава се соочи со неуспех, а со зајакнувањето на активната транспарентност на Владата и борбата против лажните вести, ваквите дезинформации се помалку може да „запалат“ во земјава.