„МВР добива информација за настанот кога пациентот се наоѓа во Клиничкиот центар. Претходно немавме никаква пријава за нарушен јавен ред и мир, тепачка или нешто слично пред објектот“ кажа министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во „Топ тема“ на Телма.
Тој додаде дека во 3 часот и 33 минути е повикана брза помош од дискотеката за лице кое лежи во без сознание. Брзата помош го зема лицето и го носи во болница во 3 часот и 54 минути, додека пријавата во МВР направена од Клиничкиот центар е во 4 часот и 11 минити.
„Од Клиничкиот центар јавуваат дека е донесен пациент во безсознание, без срцева акциај и без видливи траги на насилство. Тогаш се вклучуваат колегите од МВР, при што една екипа оди во болницата по што започнуваат нашите дејствија и активности“ рече Спасовски.
Министерот додаде дека вработените во СВР Скопје ги обезбедуваат сите податоци, информации и докази и дека во рок од 24 часа се открива целиот случај и се расчистува убиството.