Доаѓа сезоната на млад кромид, која многумина ја сакаат поради вкусот, а немаат поим дека е вистинска ризница на минерали и витамини, како и дека е одличен за заштита на здравјето на целиот организам. Посебно добар за здравјето е зелениот дел од овој моќен зеленчук.
Постојат пет причини зошто е добро редовно да се јаде млад кромид, а тоа се:
Го штити срцето
Младиот кромид е богат со антиоксиданси кои ги штитат клетките во телото од оштетување предизвикано од слободните радикали. Покрај тоа, постојат индикации дека младиот кромид може да го регулира нивото на крвниот притисок, но и да го намали ризикот од згрутчување на крвта.
Добро е за видот
Заштитува од воспаленија и го намалува ризикот од болести на рожницата. Содржи витамин А, кој е важен за производство на протеин во очите, кој е одговорен за добар вид. Луѓето на кои им недостасува овој витамин може да страдаат од ноќно слепило и други нарушувања. Еден кромид содржи околу три проценти од дневната потреба за витамин А.
Ги зајакнува коските
Витаминот Ц и К, со кои е богат младиот кромид, се добри за заштита на коските. Само еден кромид содржи околу 20 отсто од препорачаната доза на витамин К и околу два отсто од витамин Ц.
Двата витамини се важни за густината и силата на коските. Недостатокот на овие витамини ја зголемува можноста за развој на остеопороза и фрактури.
Може да го регулира холестеролот и шеќерот во крвта
Во овој случај, зелениот дел од кромидот е многу моќен. Истражувањата покажаа дека има корисен ефект врз нивото на холестерол и шеќер во крвта.
Го подобрува квалитетот на кожата
Младиот кромид му помага на телото да произведе колаген кој е важен за убава, здрава и затегната кожа. Колагенот е одговорен за забавување на создавањето на брчки на лицето и го има во многу креми. Доколку сакате младешки изглед, младиот кромид нека биде редовно на вашата трпеза.