24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ТЕМАЛОКАЛНО

Активиран дневниот билет на ЈСП – ќе чини 120 денари

Од денеска, понеделник (11.04.2022 година) во билетарниците и центрите за персонализација на ЈСП Скопје пуштен е во продажба дневен билет кој чини 120 ден и важи за повеќекратно користење на сите линии во текот на еден ден.

Новиот тип на билет важи од 05 до 24 часот, со можност за неограничен број возења, односно преседнувања на сите линии (градски и приградски).

Патникот има обврска да го валидира билетот на постоечките валидатори во секое возило во кое ќе преседнува.

Билетот се воведува со цел да се овозможи подостапно и полесно користењето на јавниот превоз на оние патници кои имаат потреба од повеќекратно користење на јавен превоз во текот на еден ден, а не поседуваат електронска картичка „Скопска“ (туристи, граѓани од внатрешноста, граѓани кои инцидентно имаат потреба од јавен превоз и слично).

Новата услуга, новиот билет е согласно Одлуката на Совет на Град Скопје за изменување и дополнување на Одлуката за Интегриран тарифен систем во линискиот превоз во градот Скопје со цел унапредување и олеснување на услугите на корисниците на јавниот градски и приградски превоз.

Цената на сите останати билети останува иста.