Медот во храната или пијалокот е здрав, но што се случува кога ќе изедеме една лажица мед пред спиење?
Медот содржи хранлива состојка наречена триптофан, хормон кој ни помага да се опуштиме и му дава на телото сигнал дека е „време за спиење“.
Високиот крвен притисок е еден од факторите што придонесува за развој на срцеви заболувања. Медот содржи антиоксиданс за кој е докажано дека го намалува крвниот притисок, па затоа една лажица мед пред спиење е лесен начин да го држите крвниот притисок под контрола.
Триглицеридите се вид на маснотии присутни во крвта. Високото ниво на триглицериди го зголемува ризикот од дијабетес, но и срцеви заболувања. Медот се поврзува со намалувањето на триглицеридите во организмот – ги претвора во сојузници кои ја чистат крвта од непотребните масти.
Медот има антибактериско дејство кое го зајакнува имунитетот, правејќи ве посилни во борбата против инфекциите предизвикани од бактерии, габи и бројни вируси.
Го забрзува метаболизмот создавајќи термоген ефект. Тоа значи дека ја подобрува циркулацијата, што ја зголемува телесната температура, помагајќи ви да согорувате маснотии без многу проблеми.