Дали човекот по кој трага МВР е поддржувач и активист на ВМРО ДПМНЕ? МВР постапува професионално и го расчистува случајот со убиството, за што јавноста е навремено информирана, прашаа од СДСМ, откако ВМРО ДПМНЕ изнесе серија обвинувања до МВР за убиството на ракометатот.
А ВМРО ДПМНЕ да не си ја ишка мувата од капата. По одредени информации кои се појавија оваа партија треба да одговори дали човекот по кој трага МВР е активист и поддржувач на ВМРО-ДПМНЕ?, велат од СДСМ како реакција на соопштението на ДПМНЕ.
Од ВМРО ДПМПНЕ како и секогаш претходно излегоа со политизација на случајот со убиството на младиот ракометар Денис Тот
– МВР за два дена го промени ставот за убиството на ракометарот Даниел Тот. Од првичното соопштение нема траги на насилство до тоа дека е убиен со нанесување на физички смртоносни удари во пределот на главата, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„Различните ставови наметнуваат дилема дали МВР сака да сокрие убиство?, рекоа од ВМРО ДПМНЕ, на што од СДСМ добија уште едно прашање дали еден од осомничените по кој трага полицијата всушност е поддржувач на опозициската ВМРО ДПМНЕ.