ВМРО-ДПМНЕ останува заробено во начинот на размислување во времето на режимот, кога газеа, тепаа и малтретираа. „Патриотскиот институт“ на опозициската партија организира протест на кој бараат слобода за луѓето кои на 27 април во 2017 година влегоа во Собранието да тепаат и убиваат пратеници.
Опозициската партија преку претседателот на т.н. патриотски институт, Александар Пандов, продолжува тепачите и убијците да ги нарекува уставобранители, обидувајќи се да претстават некаква поинаква реалност за настаните од 27 април во Собранието.
Со ваквите протести организирани од партијата, ВМРО-ДПМНЕ признава дека токму тие стоеја зад протестите и зад насилниот упад во Собранието, кога демонстрантите крвички ги нападнаа пратениците и новинарите.
Повикувањето на слобода, како што викаат тие, уставобранителите, само покажува дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е сменето и дека тие се подготвени на насилство, па дури и убиства со цел доаѓање и задржување на власт.