22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЗДРАВЈЕ

Два народни лекови за анемија: Вратете ја крвната слика на старомоден начин

Ви пренесуваме два стари рецепти за обновување на крвната слика.

Најдоброто е што овие два народни лекови се исклучително вкусни, па дури и децата со задоволство ги консумираат

РЕЦЕПТ БРОЈ 1.

Овој сок правете си го секој ден и пијте преку ден по 150 мл.

Потребно е:

1 цвекло

1 морков

1 јаболко

сок од половина лимон

2 лажички домашен мед

Подготовка: Морковите, цвеклото и јаболката исцедете ги во соковник. Стандардно исцедете сок од половина лимон. Додадете го во добиениот црвен сок. Додадете мед и промешајте. Добиениот сок пијте го во мали голтки во текот на денот.

РЕЦЕПТ БРОЈ 2.

Потребно е:

Половина килограм мед

100 грама семки од коприва.

Подготовка: Измешајте го медот и семето од коприва. Од добиената смеса консумирајте 1 лажичка наутро, а можете и попладне кога ќе почувствувате желба за слатки.