23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Гордан Георгиев: Владата мора да се пофали околу транспарентноста!

Иако ја критикував оваа влада за многу други теми, можам да ја пофалам околу транспарентноста. Ние малку се научивме каде што постоеа тематски прес-конференции, каде што се заташкуваше политичката одговорност, а сега се фаќаме за најмали детали кои не се неважни, се важни и тоа кажува дека власта полека научува да биде транспарентна, вели политикологот Гордан Георгиев.

Според него, јавноста се буди.

-Тоа е многу добро и воспоставува стандарди од кои понатаму не би требало да има назад, рече Георгиев во емисијата „Топ тема“.

Тој посочува дека авторитарната природа на партиите не овозможува премногу слобода на искажување сопствен став.

-Тешко е да се каже не кога сте дел од една партија. Обично некои работи се разговараат внатре во партијата и после тоа се излегува со заеднички став. Изборниот модел во Македонија, нивото на внатрепартиска демократија и културата на постоење на шефот, што ќе каже шефот се проблем, бидејќи не му дозволуваат на политичарот од пониските ешалони да има свој став, макар и различен од шефот. Мојот став е дека е важно да се каже не во одредена ситуација. Тоа го буди внатрепартискиот живот. Делумно изборниот модел може да ја отвори внатрепартиската демократија за да филтрираат добрите кадри и кои ќе знаат да кажат не кога треба да се каже не, категоричен е Георгиев.