24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ: Белата палата неосновано шири паника кај граѓаните, пченица има доволно

ВМРО-ДПМНЕ како и многу пати досега се однесува неодговорно во време на најголема светска економска криза, неосновано шири страв и паника и предивзикува вознемиреност кај граѓаните, соопшти СДСМ.

„ Од Белата палата лажат за наводен извоз и реекспорт, бидејќи на сила е забрана за пченица и наполица, јачмен, пченка, брашно од пченица и наполица, семе на сончоглед и сончогледово масло. Граѓаните да бидат спокојни, пченица има доволно, снабдувањето е во најдобар ред, а домашното производство е значително зголемено.

Благодарение на успешните земјоделски политики на СДСМ во изминатите пет години домашното производство на пченица е зголемено за над 50.000 тони. Во 2017 година, домашното прозиводство на пченица било 195.888 тони, а во 2021 година изнесувало 253.674 тони“ велат од владејачката партија.

Дополнителна помош и поддршка на домашното земјоделство во време на криза, како што додаваат, обезбедува Интервентниот фонд за земјоделство во вредност од 250 милиони денари, наменети главно за сточарство и производство на житни култури, но и за субвенционирање на набавката на вештачки ѓубрива и зелена нафта.

„ Додека СДСМ се грижи за граѓаните и презема мерки за непречено снабдување и ублажување на ценовниот шок, ВМРО-ДПМНЕ шири дезинформации, и предизвикува вознемиреност во јавноста“ порачаа од партијата на власт.