Сакам да изразам задоволство што после 20 години државата спроведе попис по европски стандарди, рече премиерот Димитар Ковачевски во денешното интервју во емисијата 360 степени на Алсат М телевизија.
-Доколку ги погледнете споредбените податоци за пописи во други држави има граѓани неопфатени кои и над 10% не биле опфатени. Кои се причините кај нас затоа што околу 120.000 не се опфатени? Прво, пописот се одржа во специфични околности, се спроведе во услови на ковид криза. Второ беше поместен од април во септември, на барање на опозицијата, кога имаме граѓани кои излегуваат да работат во тој период на полињата, од руралните области. Трето, имаше активен и скриен бојкот од опозицијата. Левица беше против попишувањето а ВМРО-ДПМНЕ прво водеше кампања за бојкот а потоа и скриен бојкот, со што направи лоша услуга на Македонците пред се, во однос на пописот. Не може да зборуваме за критики на пописот од оние кои во голема мера креираа одреден проблем со тоа што на своето гласачко тело им кажуваа дека не треба да има попис, рече премиерот Ковачевски во вечерашното интервју на Алсат М телевизија.